“Позајмувањето“ цвеќе од туѓ двор кај нас одамна е нормална работа, за жал. Љубителите на цвеќе се обидуваат своите дворови да ги заштитат на најразличен начин, но неретко не успеваат во тоа.

Многу потешко се чуваат јавните површини, но и големите паркови пред хотелите. Во обид  да го зачуваат зеленилото сопствениците или стопанствениците сеедно, преземаат најразлични мерки, но менаџментот на хотелот Инекс Горица против девијантните појави се бори на оригинален начин.

Така секој кој ќе посегне по цвеќе од хотелскиот парк ќе се соочи со кривична пријава. Дека не е  шега сведочат овие предупредувачки табли поставени на повеќе локации. Оригинално нема што.


рекреирај ама не кради цвеќе

Г. Момироски