Пријавениот, со намера да стекне противправна имотна корист, во почетокот на месец август оваа година, како вработен во АД ,,Македонска пошта,, и раководител на пошта во село Требеништа, неовластено а во име на повеке корисници на пензии, ги потпишал нивните пензиски уплатници. Истото го направил и во име на еден корисник на Фондот за здравствено осигурување. На тој начин, пријавениот противправно присвоил вкупно 53.927 денари.
Како раководител на поштата во село Требеништа, пријавениот добивал уплатници и пари за околу 200 корисници на пензии од ПИОМ. Уплатниците со кои се доделувале средствата на корисниците доаѓале во два посебни примерока за секој корисник од кои, на едниот требало да се потпише корисникот со кого така се вршело раскнижувањето, а на другото потпис ставал пријавениот како службено лице. Во случајот со вкупно девет оштетени граѓани, пријавениот ја заобиколил редовната постапка и во нивно име ги потпишал уплатниците со што ги извршил кривичните дела, информираше СВР Охрид.