СВР Охрид поднесе кривична пријава против 28- годишна охриѓанка, поранешна директорка на Јавното претпријатие за комунални дејности Дебарца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.
Во перодот од 24.04.2013 година до 31.12.2014 година пријавената иако знаела дека веќе бил склучен договор со компанија за набавка на гориво, за потребите на јавното претпријатие им издавала наредби на вработените за набавка на гориво од бензинските пумпи. Набавката ја извршувала без да изготви платни налози и без одлука на Управниот одбор на јавното претпријатие плаќајки ги сметките во готово, при што го оштетила претпријатието со кое претходно бил склучен договор, за износ од 161.239 денари.
OhridNews