СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.С.(24) и П.Р.(21), двајцата од Охрид за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.

На 1 јануари годинава, околу 03,20 часот, на улицата „Цар Самоил“ во Охрид, пред кафе-бар, пријавените, вработени како обезбедување во објектот, откако не им дозволиле влез на Н.Ѓ.(21) и И.Ј.(20) во кафе-барот, физички ги нападнале.

Прекршителите на законот им нанеле тешки телесни повреди на  Н.Ѓ и И.Ј. удирајќи ги со тупаници по главите.

извор:МВР