СВР Охрид поднесе кривична пријава против И.М. (39) од Охрид за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги психотропни супстанци и прекурсори“ и „овозможување на употреба на наркотични дроги“.

На 29.03.2010 година, извршен е претрес во станот на пријавениот каде се пронајдени 57 млади растенија „канабис сатива“, 30,9 грама семки „канабис“ и 0,1 грам „марихуана“, а во повеќе наврати во станот им овозможил на три лица да користат дрога.

OhridNews