СВР-Охрид поднесе кривична пријава против И.Ѓ.(34) од Охрид, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

Пријавениот, во текот на јули и август оваа година, на лица од Охрид им продавал наркотична дрога за паричен износ од 300-450 денари, што претходно ја набавил од лице од Струга.

При извршен претрес во неговиот дом се пронајдени 0,16 грама хероин и 8,43 грама марихуана.

извор:
МВР