Поради основано сомнение дека е сторител на две кривични дела „Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и „Овозможување на употреба на наркотични дроги“ СВР Охрид поднесе кривична пријава против лицето Ц.М. роден 1973 година  од Охрид.

Пријавениот, во периодот Јуни-Јули 2008 година, во својот дом произведувал наркотична дрога Марихуана односно во саксија засадил неколку семки од растението „Канабис сатива“ кое по редовно поливање израснало во стебло со висина од 57 сантиметри.

Истиот, дрога им давал на неколку други лица од Охрид истовремено овозможувајќи им  користење на неговиот дом заради уживање на опојни дроги.

При извршен претрес во неговиот дом, затекнати се лицата: Р.С. Н.Б. И.Ш. и А.М. сите од Охрид кои се познати уживатели на опојни дроги. Воедно, пронајдени се саксијата со растението ,,Канабис сатива,, со развиен корен, стебло и листови, нагорена рачно изработена цигара „Џоинт“ како и повеке други паковки опојна дрога Марихуана оставени на различни места во домот.

 Ц.М. е познат сторител на казнени дела против кого, во изминатиов период  СВР Охрид има поднесено повеке кривични и прекршочни пријави за што му биле изрекувани и затворски казни.

извор:СВР Охрид