СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ј.С.(27) и А.Д.(17), двајцата од Охрид за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанци“, а А.Д. е пријавен и за „овозможување на употреба наркотични дроги“.  

Во јануари оваа година, во Охрид при извршен преглед над пријавените се одземени вкупно 95,36 грама наркотична дрога-хашиш. Од преземени мерки е дознаено дека Ј.С. за одреден паричен надомест му продал хашиш на А.Д., по што А.Д. од дрогата им овозможил употреба на повеќе корисници од Охрид.

извор: МВР

Ohridnews