СВР Охрид поднесе кривична пријава против В.К.(66) од Охрид за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Во текот на 1997 и 1998 година, пријавениот склучил договор со општина Охрид за користење под закуп државно земјиште во комплексот „Свети Наум“, на кое земјиште поставил времен објект. Откако во 2001 година, општината Охрид не била повеќе овластена да издава под закуп државно земјиште, а предметното земјиште станало предмет на судски спор за регулирање на сопственоста помеѓу државата, Манастирот Св.Наум и Националниот парк-Галичица, пријавениот искористувајќи ги нерегулираните сопственички права, го срушил стариот објект на земјиштето и започнал со изградба на нов угостителски објект, без да поседува одобрение за градба на туѓо земјиште, како и право на користење на истото, соопшти МВР.

Ohridnews
извор:МВР