СВР Охрид, поднесе кривична пријава против триесет и две годишен охриѓанец вработен во ЈП „Охридски Комуналец„ за сторени кривични дела „фалсификување или уништување на деловни книги„ и „измама во службата“.

Во период од 2007 до 2009 година, пријавениот изготвил пет фактури од фирмата сопственост на неговата сопруга. Во нив внел невистинити податоци и неовластено ги заверил со печат од компанијата. Потоа ги доставил во ЈП „Охридски Комуналец“ каде со свој потпис ги заверил како да е услугата извршена, односно рекламниот материјал (пенкала, маици, сатови) дека е примен.

Врз основ на тоа, биле исплатени 218.418 денари на компанијата, а на штета на ЈП „Охридски Комуналец“.

Ohridnews