Поради постоење на основано сомнение дека е сторител на кривичното дело „Предизвикување национална, верска и расна омраза, раздор и нетрпеливост“ Полициската станица Кичево,поднесе кривична пријаба против Н.К. (17) од Тетово.

Пријавениот на ден 16.10 2010 година, околу 16 часот и 45 минути, на Градскиот стадион во Кичево, на јарболот каде претходно стоело Македонското државно знаме, поставил  две знамиња на Република Албанија, со што предизвикал национален раздор и нетрпеливост кај присутните гледачи. Пријавениот, делото го направил на полувремето од фудбалскиот натпревар помеѓу фудбаслските клубови „Шкендија„ од Тетово и „Напредок„ од Кичево. На јарболот каде стоело државното знаме на Репубилка Македонија, кое претходно било насилно одстрането од засега непознат сторител, пријавениот Н.К. поставил две знамиња на Република Албанија. Со тоа, тој предизвикал национален раздор и нетрпеливост кај  гледачите присутни на стадионот каде се играл фудбалскиот натпревар од Првата Македонска  фудбалска лига.-соопшри СВР Охрид.

Во врска со овој настан, Полициската станица од Кичево, ќе поднесе и две прекршочни пријави  согласно Законот за спречување на насилството на спортските натпревари. Пријавите ке бидат поднесени против 11 лица од кои пет се членови на навивачката група „Балисти„ а шест од навивачката група „Ѓаоли“.

Од страна на службата се преземаат и други дополнителни мерки за пронаоѓање на лицето кое го одстранило Македонското знаме и за други учесници инволвирани  во настанот, информираат од СВР Охрид.

OhridNews