Во ноември 2007 година бил склучен договор помеѓу општината и лицето Г.П. како и Македонската авторска агенција, Г.П. да изработи дел од проектот „Духот на Охрид„. Откако Г.П. изработил уникатен видео клип го дал на пријавениот, но при спроведување на тендерот Г.П. не бил избран, туку била избрана друга фирма. И покрај тоа, пред околу три месеци оваа година, пријавениот видеоклипот на Г.П. неовластено го објавил.
извор: МВР