СВР Охрид, поднесе кривична пријава против Ј.Ц. (50), поранешен директор ЈП “Македонски Шуми,” подружница “Галичица” во Охрид, за сторено кривично дело “несовесно работење во службата”.

Во текот на 2006 година, пријавениот спротивно на законот за јавни набавки склучил усмен договор со ДООЕЛ “Шпедиции и механизација” од село Косел, за пробивање и проширување на шумски пат за потребите на ЈП, на месноста Буково, при што биле фактурирани 138.801 денари .

Оваа цена била превисока за вредноста на изведената работа, при што материјално го оштетил ЈП “Македонски Шуми”.

OhridNews