Од страна на Истражен судија при Основниот Суд во Охрид, на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
На 1- ви октомври, Инспекторите од оделението за борба против дрога, при личен претрес, кај З.Р. пронашле црвена најлон кеса со четири паковки опојна дрога – кокаин. По извршен претрес во неговиот дом, а по наредба од основниот Суд во Охрид, пронајдени се две најлон кеси со бела прашкаста материја, но и уште седум паковки со опојна дрога кокаин, едно стаклено шишенце со дозер со траги од бела прашкаста материја како и список на имиња и парични износи за кои постои основано сомнение дека пријавениот ги наплатил или треба да ги наплати за претходно продаден кокаин.
Спакуваниот кокаин е пронајден во шина од лизгачка врата поставена помеѓу две соби во домот. Вкупната количина на пронајдениот и одземен кокаин изнесува 30,2 грама.
извор: МВР