СВР Охрид, поднесе кривична пријава против Н.Ц. (23) за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори„.

На  30.06.2010 година околу 23,30 часот во Охрид, при претрес над пријавениот, истиот пуштил на земја едно паковање со 88 грама хероин, а наредниот ден при извршен претрес во неговиот дом пронајдени се 21 таблета со непозната материја.

Ohridnews
извор: МВР