СВР Охрид поднесе кривична пријава против Л.Р.(60) поради основано сомнение дека на подмолен и свиреп начин го убил продавачот на девизи Трајче Цоцески, дознава Ohridnews.
Осомничениот по повеќе часовниот распит во полициската станица во Охрид, синоќа бил изведен пред истражен судија кој му одредил мерка притвор во траење од 30 дена.
Л.Р. се товари дека во саботата го лишил од живот шеесет годишниот Трајче Цоцески. Неговото безживотно тело беше пронајдено три дена подоцна од случаен минувач во близина на авто кампот АС кај Струга. Специјални тимови на МВР и СВР Охрид, два дена подоцна го пронајдоа и лишија од слобода осомничениот за убиството. Во текотт на постапката Л.Р. го признал делото кое го извршил во продавница во централното градско подрачје.
Деталите од доказната постапка која го утврдила начинот на кој бил убиен Цоцески, ќе бидат соопштени на прес конференција денеска во Скопје. Се очекува на пресот да биде соопштено дали осомничениот се товари за едно или повеќе убиства како што неофицијално се говореше изминативе денови.
ohridnews