СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Ј.(58) од Охрид, директор на ЕСМ-ЕВН подружница Охрид, за сторени две кривични дела »злоупотреба на службена положба и овластување«.
Пријавениот во период 2004-2005 година, по објавен тендер за јавни набавки-изградба на далекувод од Охрид до Градиште, спротивно од Законот за јавни набавки ја привилегирал фирмата »Дебој-Трон« како најповолен понудувач со услови за плаќање на износ од 37.513.232,50 денари и тоа 80 % од вредноста компензациски и 20 % одложено на три месеци, а во 2005 година, со истата фирма склучил договор во износ од 6.929.697,50 денари за наводни дополнителни дејствија кои веќе биле изведени по основниот договор за изградба на далекуводот.
Извор:
МВР