Секторот за внатрешни работи против Н.М. (33) од Охрид, поднесе кривична пријава поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори„.


Вчера, во патничко моторно возило „Мазда„ со странски национални ознаки, со дозвола за управување од пријавениот, пронајдени се околу половина килограм чиста опојна дрога Марихуана. Истата била сокриена  во гепекот од возилото,  односно под подната навлака, во просторот до резервната гума, поставена во црна најлон кеса и облепена со кафеава самолеплива лента.


По добиена Судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом. Во спалната соба, во најлонска кеса, инспекторите, пронашле пет парчина алуминиумска фолија со траги од опојна дрога Хероин. Пронајдената марихуана и останатите предмети, се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.


Инаку, Н.М. е познат нарко-зависник а пронајдената половина килограм  Марихуана, била наменета за натамошна продажба на наркозависници од Охрид.

OhridNews