СВР Охрид, до Основното јавно обвинителство во Охрид, поднесе кривична пријава  против Т.Л.(68) од Охрид, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување„ и „Даночно затајување„.

Пријавениот во својство на директор на АД „Слобода„на 17.03.2004 година, потпишал купопродажен договор во име на акционерското друштво со приватната фирма „Линеа трио„ ДОО Охрид, со кој за износ од 84.000 евра ја продал работничката менза(со знаење и одлука на Одборот на директори) и земјиште со површина од 3225 м2( без знаење и одобрение на Одборот), иако претходно од страна на овластен проценител само вредноста на работничката менза била проценета на 84.585 евра.

На 04.05.2004 година, пријавениот издал фалсификувана потврда во име на АД„Слобода„ во која внел лажни податоци дека  „Линеа трио„  во целост ги исплатила средствата наведени во купопродажниот договор и покрај тоа што знаел дека споменатата фирма имала уплатено само 11.865 евра. Со ваквата  исправа овозможил на „Линеа трио„ со ставање на работничката менза под хипотека, истата да добие кредит од банка во износ од 100.000 евра. 

Во октомври месец 2006 година, пријавениот во име на АД „Слобода„, со тужба побарал од „Линеа трио„ да ги исплати преостанатите парични средства, согласно договорот за купопродажба. Меѓутоа во јануари 2007 година, пријавениот со тужената фирма „Линеа трио„ потпишал договор за регулирање на судскиот спор и истиот ден била направена судска спогодба во Основен суд-Охрид, со кој на „Линеа трио„ и ја предал во владение работничката менза и земјиштето за износ од 18.857 евра или 23 % од договорената цена( износ кој дотогаш бил уплатен кон АД„Слобода„), со што причинил штеата на АД„Слобода„ а корист за „Линеа трио„  во износ од 65.142 евра.

Натаму, пријавениот со намера да се одбегне делумно плаќање на данок во врска со купопродажниот договор од 17.04.2008, изготвил фактура во која навел вредност на објектот од 1.839.000 денари, на кој пресметал ДДВ од 18 % и создал обврска за плаќање на ДДВ од 331.020 денари, со што не пријавил приход од 3.285.000 денари и одбегнал да создаде обврска за плаќање на ДДВ во износ од 591.300 денари плус камата , на штета на буџетот на Р.македонија.

Извор: МВР