СВР Охрид поднесе кривична пријава против Христијан Шапкар, роден 1978 година од Охрид, управувач на глисерот кој учествуваше во тешката несреќа пред два дена во која животот го загуби Ирина Романова – Муцунска од Скопје.

-Кривичната пријава е поднесена поради основано сомневање дека истиот сторил кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, изјави портпаролот на МВР, Иво Котески.

Истражен судија на Христијан Шапкар му изрече мерка притвор во времетраење до 30 дена.

Во несреќата тешко повредена беше сопругата на Христијан Шапкар, Ивана, а според лекарите од Коснозглобната болница нејзината состојба се стабилизира. Во судирот на двата глисери што се случи во саботата во водите на Охридското Езеро се повредени уште две лица.

Ohridnews