Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здраствени прописи за време на епидемија“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против 24-годишно лице од струшкото село Велешта, информира портпаролот ан СВР Охрид, Стефан Димоски.

Лицето не се придржувало до мерката за забраната за движење на граѓаните во определен временски период заради спречување на ширење на Корона вирус КОВИД–19. Полициски службеници, на 04.04.2020 година во 18.15 часот, го затекнале пријавениот, на кејот на реката „Црни Дрим“ во Струга без соодветна дозвола издадена од надлежен орган.

Ohridnews