Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „лихварство“, надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, поднесе кривична пријава против 32-годишен стружанец.

  • Тој, казненото дело го сторил на 17-ти јули оваа година на улицата „Партизанска“ во Струга, каде го пресретнал сега оштетениот и веднаш започнал вербална расправија, барајќи му пари, а потоа и физички го нападнал, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Според пријавата од сега оштетениот, вербалните закани и физичките напади врз него,  пријавениот и вршел од 2013 година кога тој на оштетениот му позајмил 12.000 денари. Оттогаш, па се до моментот на пријавување, сега оштетениот, на пријавениот му имал исплатено околу 40.000 денари кој и понатаму продолжил со закани барајќи му пари, по што оштетениот го пријавил настанот.