Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 55-годишен охриѓанец.
Тој, на 29.03.2020 година, во 18.25 часот е затекнат на булеварот „Железничка“ во Охрид, без дозвола за движење издадена од надлежен орган, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Со тоа, пријавениот ја прекршил Одлуката на Владата на РСМ за забрана на движење на население за време на викенд во период од 16 -05 часот.
OhridNews