ОВР Струга поднесе кривична пријава против 58 годишно лице од с.Велешта, Струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Како што соопшти МВР, на 27 март, 2022 година, на регионалниот пат Струга-Дебар, на место викано „Суво поле“, пријавениот додека ја чистел својата нива, запалил суви лисја и огнот зафатил сува трева, стрништа и нискостеблеста шума околу 4.000 м², како и дел од лозје, сопственост на М.К. од Вевчани.
OhridNews