Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 46-годишно лице од охридското село Подмолје. Пријавениот На 26.11.2019 година, на социјалната мрежа ,,Facebook”, напишал недолични коментари, ширел расистички и ксенофобичен пишан материјал со што поттикнал омраза, дискриминација или насилство кон одредена група граѓани. Со тоа, пријавениот ја загрозил нивната безбедност и сигурност и предизвикал чувство на страв и несигурност, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

СВР Охрид информира дека на 12 март во 20,40 часот во Охрид, полициски службеници од слобода лишиле 43-годишно лице од Тетово. Приведениот претходно извршил бегство од казнено поправната установа – Затвор Скопје по што била распишана потерница и наредба за приведување. Истиот е пренесен во Скопје и предаден на затворските служби.

OhridNews