Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „узурпација на недвижности” и „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против 51-годишно лице од струшкото село Радолишта.

Како што информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, пријавениот, во текот на август минатата година, узурпирал катарстарска парцела помеѓу Кајакарски клуб и Извидничкот центар во Струга лоцирана во заштитен појас на крајбрежјето на Охридското Езеро и започнал да изведува незаконски градежни работи. Спротивно на Законот заштита на природата, ангажирал работници за нелегална сеча на трската во езерото и затрупување на земјиштето.

OhridNews