Одделението за внатрешни работи Струга поднесе кривична пријава против 61-годишен стружанец, управител и сопственик на правно лице од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавениот, во периодот од 04.10.2019 до 30.11.2019, постапил спротивно на Законот за безбедност на храна и спротивно на Договорот за концесија на Охридското езеро и не извршил регистрација на риболовни пунктови, без што не смеел да врши промет на уловена риба.
Уловената риба, директно ја носел во магацинот на правното лице и во подружницата Охрид како продавница за малопродажба на риба, што е во негова сопственост. На тој начин, се стекнал со противправна имотна корист од 293. 276 денари, информира полицијата.
OhridNews