Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против 45-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Како што информираат од МВР, пријавениот, како директор во Јавното претпријатие „Градски гробишта” Охрид, во периодот од декември 2013 до ноември 2017 година, во врска со договор за јавна набавка на резервни делови за службени возила и нивно одржување од фирма од Охрид, во повеќе наврати исплатил парични средства над дозволениот лимит во износ од 76.843 денари, при тоа, предизвикал штета на јавното претпријатие.

Покрај тоа, лице со несоодветно образование, спротивно со правилникот за систематизација, го распоредил на повисоко работно место, со што го оштетил јавното претпријатие за 39 .501 денари.

OhridNews