СВР Охрид поднесе кривична пријава против 60 годишно лице од Струга и 51 годишно лице од струшкото село Враништа, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“.

При контрола извршена на 12.06.2022 година кај селото Подмолје, полициските службеници го затекнале првопријавениот при управување такси возило, сопственост на второпријавениот, без соодветна лиценца за вршење јавен превоз на патници издадена од надлежен државен орган, велат од СВР Охрид.

OhridNews