Македонски концепт ќе достави иницијатива до Уставен суд и кривична пријава до ЈО за ДИК, за да се расветли, како што велат, „изборниот режиран резултат, без разлика дали истото тоа контролирано судство ќе се охрабри да проработи.“
Скандалозното сумирање на изборниот резултат покажа дека ние живееме во контролирана демократија, во која не е важно кој гласа, туку кој брои гласови! Партиите се тие кои одлучуваат за изборниот резултат, а не граѓаните кои гласаат!
Се договорија трите политички групации на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ, да се констатира резултат со кој секоја од нив ќе ја зачува својата позиција, господин Заев како премиер, господин Мицкоски како лидер на опозицијата и господин Ахмети како неприкосновен лидер на македонските Албанци. Се договорија и ја завршија својата работа. ДИК и македонското судство тоа го аминуваа. Повторно, по стоти пат, констатираме судство под контрола на партиите. – смета Македонски концепт.
OhridNews