До Основното јавно обвинителство Дебар, поднесена е кривична пријава против 60 годишно лице од Дебар за предизвикување на шумски пожар во с. Бомово, дебарско кој настанал на 08.08.2021

Во врска со пожар за кој било пријавено дека настанал во с.Горно Мелничани, дебарско, од страна на полициски службеници биле лишени од слобода осум лица (шест од Куманово и две од Р.Албанија) и во консултација со Јавен обвинител од ОЈО Дебар, информираа од МВР.

Лицата се задржани во полициска станица, а службен разговор е извршен со уште едно лице од с.Броштица. По документирање и на овој случај ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

OhridNews