СВР Охрид поднесе кривична пријава против 62 годишно и 72 годишно лице, двајцата од Охрид, против 79 годишно лице од охридското село Рамне и 52 годишно лице од струшкото село Драслајца поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправна градба“.
На катарстарски имоти лоцирани во охридското село Рамне, без одобрение за градба и друга соодветна документација и спротивно на Законот за градба, тие бесправно изградиле хотелски комплекс, деловни објекти и надворешен базен, информираат од МВР.
OhridNews