Одделението за внатрешни работи поднесе кривична пријава против стружанка која ги поттикнувала децата на питачење во Дебар.
Кривична пријава е поднесена против С.Н.(37) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“. Таа, ја запоставила својата родителска должност за грижа на двете малолетни ќерки и свесно ги поттикнувала да вршат питачење со цел стекнување противправна имотна корист, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи-Охрид.
OhridNews