Кривата кула во Пиза за прв пат по 800 години повеќе не се наведнува. Експертите објавиле дека во наредните 300 години не постои опасност од нејзино повторно поместување.

Кулата за посетителите била затворена од 1990 година, кога поради зголемено наведнување претела опасност од срушување, а повторно е отворена во 2001 година после реконструкцијата и намалувањето на наведнувањето за 48 цм.


Кулата во Пиза е единствена градба во светот со косина од дури 4 метри. Градбата на кулата започнала во 1173 година, а набрзо е стопирана поради пропаѓање на подлогата и уште тогаш започнала „авантурата“ со косината на кулата. Градбата е продолжена во 1275 година, а последниот, седми кат, е изграден кон крајот на 14 век. Од тогаш кулата се наведнувала во просек 1 милиметар годишно поради што се превземени градежни зафати.

Кулата е висока 55 метри, а за да се дојде до самиот врв потребно е да совладате вкупно 294 скали.