Кулата во Пиза, досега најкоса во Европа, доби конкурент во северна Холандија – Бедум.

Џејкоб ван Дијк вели дека се спроведени мерења на 36 метри високата кула на црквата Валфридус во Бедум кои откриле дека оваа кула е покоса од кулата во Пиза.


Кулата во Пиза е висока 55,86 метри, наведната околу 4 метри, а кулата во Бедум е наведната 2,61 метри на својата висина од 35,7 метри. Кога двете кули би биле еднакво високи, кулата во Бедум би била покоса, тврди Ван Дијк.