23 годишна британка е уапсена кога се обидела во Норвешка да прокриумчари еден колограм кокаин скриен под нејзината перика.
Жената кесата со кокаин ја залепика за главата и ја покрила со периката. Норвешките цариници ја откриле и ја уапсиле за криумчарење на дрога.
„Агентот видел дека на главата има многу коса и се посомневал дека носи перика. Ја отстранил периката и ја пронашол дрогата“, се наведува во извештајот.
Норвешката полиција објавила дека кокаинот бил толку цврсто залепен за нејзината вистинска коса, па ја одвеле во локалната болница за да го отстранат кесето со кокаин.