Британските цариници пронашле куфер со 20 килограми кокаин на лондонскиот аеродром Хитроу. Кокаинот кој на пазарот чини околу милион евра кружел по подвижната лента откако сите патници ги зеле своите торби.
Непознатиот криумчар најверојатно заборавил да го земе куферот, или побегнал мислејќи дека е откриен. Царинскиот истражител изјавил дека сопственикот не бил сеуште пронајден.