Ариана Гранде неодамна настапи на ревијата на модната куќа Викторија Сикрет и воодушеви со својот глас и стас. Бидејќи тоа била ревија за луксузна долна облека никој не се изненадил што младата пејачка се појавила во разголено издание, но многумина и замеруваат што на своите концерти после тоа продолжила да се појавува во слични изданија. Нејзината колекција облека за ‘Jingle Ball’ турнејата содржи само кратки комплетчиња кои повеќе покажуваат отколку што сокриваат.
Многумина велат дека таа е премлада за такви комбинации бидејќи пред само неколку месеци навршила 21 година. Многу од обожавателите на нејзиниот препознатлив глас на друштвените мрежи истпраиле многу едноставна порака до младата ѕзведа да се облече бидејќи не е меѓу омилените личности во светот на славните поради својот препотентен став, и можеби не е лошо да би послуша советите на обожавателите и да облече некое парче облека повеќе.