На листата од 50 славни личности кои се жртви на хакери се придружиле и девојката на Џастин Бибер, Селена Гомез, потоа Џесика Алба, Деми Ловато и Кристина Агилера. Во некои од случаите биле украдени и нивните фотографии и видео снимки.


Една од метите на хакерите била и Ванеса Хјуџенс, која била многу лута откако нејзините фотографии, снимени пред неколку години, се појавиле на интернет. Една од жртвите била и Скарлет Јохансон, чии разголени фотографии биле украдени од нејзиниот Ајфон. Од ФБИ соопштиле дека се многу близу до тоа да откријат кој се крие зад овие злосторства.