Американската пејачка Кристина Агилера обожава видео игри и изјавила дека во тоа и нема рамен. Агилера обожава разни видови видео игри од кои станала толку зависна, што во својата куќа направила посебна просторија само со видео игри.
Пејачката истакнала дека со пријателите редовно ги играла игрите и дека била најдобра од сите, држејќи рекорди во повеќето од нив. Додала дека во куќата направила играчница, а најчесто играла постари игри како „Донки Конг“ и „Супер Марио“.