Додека издавачката куќа бара нови песни, Кристина Агилера ужива во мајчинството и ги избегнува медиумите. Се зборува дека не е во состојба да снима нови песни, за што таа вели дека не е вистина и дека новиот албум сака да го снима полека и без притисоци. Вели дека веќе работи на новиот албум и дека секое утро снима во студио, спремна и креативна.
Се шушка дека морала да исфрли повеќе од новите песни, бидејќи многу слични снимила и објавила Lady GaGa. На една ланска манифестација Кристина се појавила во издание кое многу потсеќа на нејзината сопарничка, а тоа требало да биде вовед во нејзината нова музичка приказна.