Пејачката Кристина Агилера била уапсена во друштво на момчето Метју Ратлер, соопштиле од полицијата во Лос Анџелес. Метју возел по дејство на опијати, додека Кристина била потполно дезориентирана и не можела да грижи за себе. Полицијата ги запрела откако забележале дека автомобилот не се движи правилно по улицата.
Подоцна двајцата биле ослободени откако била платена кауцијата. Пејачката веќе подолго време има проблеми со алкохолот, а нејзините пријатели се обидуваат да ја упатат на лекување. На Суберболот погрешно ја отпеала американската химна, наводно во пијана состојба, а на забавата на Џереми Ренер дошла неповикана и пијана заспала на неговиот кревет.