Веќе пред неколку месеци извор близок на парот открил дека во брачниот живот работите не им одат најдобро и дека често се караат. Кристина ги потврдила претпоставките дека таа и сопругот Џордан Бретман повеќе не живеат заедно. И покрај се тие ќе се грижат за својот син и ќе се трудат да бидат најдобри родители.


Тие не побарале развод, но живеат одвоено за да размислат што е најдобро да сторат во овие моменти. Наводно односот повеќе им наликувал на пријателство отколку на оној кој го имаат двајца кои се сакаат. Неодамна ја посетиле Италија за да ја обноват страста во бракот, но ниту тоа не помогнало.