Агилера поминува низ исклучително тежок период во нејзиниот живот. Се потпира на својата мајка, синот и најблиските пријатели за да го преброди разводот од Џордан Бретман. Пејачката изјавила дека и е многу тешко и дека пролеала многу солзи.


Вели дека има неколку пријатели кои се секогаш тука за неа, како и нејзината мајка на која може да смета 24 часа на ден. Додала дека во деновите кога не може да стане од кревет и кога не може да функционира како мајка, нивното охрабрување ја тераат напред во животот.