Познатата пејачка Кристина Агилера се породила во саботата во Лос Анџелес, во приватен и луксузен болнички апартман. На свет, со царски рез, донела здраво девојче.

Нејзиниот вереник Мет Рутлер, за кој ова е прво дете, наводно присуствувал на пораѓањето и цело време бил покрај неа. Пејачката веќе го има шестгодишниот син Макс од бракот со Џордан Бретман, од кој се развела во 2011 година.