Откако се забавувала во клубот „Eleven“, пејачката Кристина Агилера тргнала кон својот автомобил и доживеала мала незгода. Облечена во тесни фармерки и вртоглави потпетици, пејачката се сопнала и паднала на подот. Иако не и било ништо, таа ја свиткала ногата при падот, што изгледало прилично болно.
Пријателот брзо ја подигнал, и Кристина без збор станала и влегла во автомобилот. Се разбира, бидејќи фотографите биле пред клубот, несречниот пад на пејачката бил овековечен. Не е јасно дали едноставно изгубила рамнотежа или на нешто се сопнала. Во секој случај, фотографиите се појавиле во јавноста.