Пејачката Кристина Агилера, која била на мета на критичарите поради вишокот килограми кои ги ставила на себе во последниве година дена, им ги затоврила на сите устите со својата нова фотографија која ја поставила на Твитер. Фотографијата настанала за време на снимањето на нејзината нова песна “Hoy Tengo Ganas De Ti”, а заносната пејачка позира на прозорецот на куќата покрај плажа.

Таа изјавила дека нејзин најголем предизвик е да не биде премногу слаба, а додала дека и се допаѓа тоа што сега има прекрасен задник, и тоа што може да го покажува своето длабоко деколте. Пејачката се држела до стрктна рибна диета, која се состоела од суши и туна салата, додека вежби правела со приватниот тренер Ти Сорџ.