Секој американец химната на глас или во себе ја потпевнува по неколку пати на ден. Кристина Агилера ја добила честа да ја испее американската химна на овогодинешниот Супербол во Тексас. Таа изјавила дека ова за неа остварување на еден од соништата. Додала дека е пресреќна и возбудена што  ќе биде дел од толку значаен настан за народот на САД.


На пејачката ова нема да и биде прв пат да учествува во Суперболот. Имено, Агилера химната ја пеела 2000 година за време на полувремето на тоа првенство. Химната на спектаклот кој привлекува најголем број американци, кога станува збор за спортот, веќе ја пееле Бијонсе, Росин Бар, Мараја Кери, Селин Дион и многу други популарни изведувачи.