Американската пејачка Кристина Агилера во филмот “Burlesque” го игра ликот на една секси стриптизета која својата точка на шипката ја изведува облечена како полицајка. Ликот е млада девојка која од мало гратче се сели во Лос Анџелес за да направи кариера, но завршува како стриптизета во ноќен клуб.


Со неа во филмот глуми уште една пејачка. Тоа е Шер, која според критичарите со своите 64 години изгледала прекрасно и во топ форма. Главната машка улога ја има Ерик Дејн кој се прослави играјќи во серијата „Вовед во анатомијата“.