Американската пејачка Кристина Агилера тргнала по стапките на актерката Деми Мур, која ја отворила вратата за фотографирање на познатите бремени жени, кога пред 23 години позирала за списанието Венити Фер. Така и Агилера ја покажала својата фигура пред објекивите, а во прв план е нејзиниот труднички стомак. Кристина Агилера ужива во својата втора бременост.

Пејачката за новото издание на „В магазин“ позирала потполно гола и гордо го покажала својот стомак. Рекла дека како жена се чувствува гордо што може да го прифати своето тело во сите фази од својот живот. Ова на Агилера која има 33 години ќе и биде второ дете, а го чека со својот партнер Метју Рутлер.